Translate

Sunday 2 November 2014

Враќање во ЛШ конкуренција!


Факт е дека по почетната еуфорија и позитивни игри полека но сигурно влегуваме во некоја летаргична фаза. Се надевам дека ќе се раздрмаме позитивно после вечерашното гостување на Zamparini на San Siro. Со победа се враќаме на третото место со Sampdoria која ја победи со 3-1 истата онаа Fiorentina со која ние не успеавме да се справиме претходно. Palermo како и неговиот сопственик, секогаш е непредвидлив противник и од него може да се очекува апсолутно сè (а најчесто смена на тренерската клупа). Оваа екипа му даде 3 гола во гости на Napoli а успеа да прими 3 од Empoli односно 4 дома од Lazio. Имаат прилично млада и инвентивна двојка во нападот во имињата на Dybala и Belotti (голем фан на Milan и фантастичен во младата репрезентација на Италија). 

Сепак доколку ние одиграме на нивото на кое одигравме првите неколку натпревари сезонава, не би требало да имаме поголеми проблеми со нив. Особено не ако рано го отвориме мечот и продолжиме да газиме на гаста во текот на дуелот. Кај нас покрај долгорочно повредениот Montolivo во аут е и камиказата Sulley поради жолти картони и за жал Jack кој после фантастичниот гол и одличната партија на mezalla против Cagliari, ќе паузира поради потрес на мозокот од удар во главата на тој дуел. Поради сето ова веројатно еден од Van Ginkel и Saponara ќе го започне денешниот натпревар од старт (повеќе предност му се дава на нашето дете). Напред прилично сигурно повторно ќе стартува Torres и Honda а El Sharaawy и Menez ќе се борат за онаа AML позиција. Одбраната ќе биде истата. Pippo беше категоричен дека и покрај лошиот период на De Sciglio тоа е иднината на италијанскиот фудбал и идниот Maldini на клубот и тој секогаш ќе игра кога ќе биде здрав! Огромна доза на доверба од тренерот кон младиот фудбалер. Зад нив на голот конечно се очекува враќањето на Diego Lopez кој веќе предолго време е во аут.


Едноставно треба да одиграме на Pippo ниво на игра и да не се олабавуваме после евентуален постигнат гол туку да го одржиме нивото на игра до крајот.

Forza Milan!!!

2 comments:

Kole.22 said...

Веројатно Сапонара ке го има и своето деби со што имаме прилично подвижен среден ред и доколку постигнеме рано гол, очекувам убедлива победа.

Ако не ви е тешко оставете stream на Фб страната пред почетокот.

Kole.22 said...

Капитенската лента денес мора да се зачини со асистенција.
3:0 моја прогноза :)ANDIAMO