Translate

Tuesday 6 January 2015

За почеток на новата година!

Момци, најпрво, среќна и успешна нека ви е новата година! Да славиме многу победи, еден куп голови, па и титула, онаму каде што сме сеуште конкурентни. Се надевам убаво и опуштено ги поминувате празнициве и имате време да следите што се случува во и околу клубот. Велам дека се надевам имате време, затоа што очигледно обврските што ги имавме периодов не натераа малку да го запоставиме блогот. Еве, овој пост нека биде некакво извинување од моја страна за пасивноста последните 30-40 дена и се надевам дека ќе направиме нов рестарт, заедно со новата година.


Првиот предизвик од вториот дел од сезоната ни доаѓа во право време - Sassuolo е екипата со која ќе ја отвориме 2015тата. Логично е за очекување дека двете екипи ќе сакаат да ја започнат сезоната со позитивен резултат. Сепак, критериумите и очекувањата во двата табора во пресрет на мечот не се исти. За нас, единствено победа е позитивен резултат и вистински начин да се продолжи со фината низа која започна со победата над Napoli, па следеше ремито во гости со Roma и заврши со убавото предновогодишно изненадување во победатата над Real Madrid. Баш таа победа, и покрај тоа што се работеше за ревијален меч, некако ја дополни позитивната празнична атмосфера во тимот и со сигурност го подигна моралот. Дотолку повеќе што тоа беше прв пораз на Real по 22 победи во низа на официјални натпревари. Кога сме кај моралот и расположението, Papa Silvio вчера даде свој придонес - го одржа препознатливото предавање пред играчите, а имал и муабет насамо со Pippo. Berlo уште еднаш ги фиксираше главните цели на клубот: 3тото место во лигата и напад на трофеот во Купот. На својствен начин го претстави новото засилување Cerci, а го пофали и SES за ефектот против Real.

Sassuolo е екипа која носи лоши спомени за Milan. Можеби и не така лоши гледано од аспект на навивач, но сигурно од аспект на клубот во целина. После поразот од Sassuolo, точно пред година дена, Allegri доби отказ и со тоа започна еден турбулентен период во кој управата на клубот тргна во потрага по вистинското тренерско решение, адекватно на новата визија - Milan да ги врати реномето и успесите од минатото преку паметно и ефикасно менаџирање, во услови кога не може финансиски да парира на најмоќните. Којзнае, можеби по неколку години ќе треба да се му се заблагодариме Domenico Berardi, тогаш 19-годишникот што ни даде 4 гола во поразот од 4-3 и го потпиша отказот за Max Allegri.

Како и да било, психолошкиот ефект на утрешниот резултат врз продолжението на нашата сезона со сигурност ќе биде огромен. Тоа ќе рече дека трите бода се граничат со имератив. За да го оствари тоа, Pippo ќе има солидна група на фудбалери на располагање. Од оние што не се на тој список: Honda ќе го пропушти скоро цел Јануари со оглед на очекувањата неговата Јапонија да биде меѓу главните кандидати за овојување на Азијскиот Куп, De Jong е суспендиран, исто како Mexes и Armero. Bonera е повреден. На позитивната страна: Alex, De Sciglio, van Ginkel и Abate се назад во тимот. Трансферот на Cerci е административно среден, така што и тој е во комбинација за утре, но не и за во стартниот тим. Според тоа, веројатната одбранбена линија би изгледала вака: Lopez на голот, De Sciglio лево, Zapata и Alex на стопери и Rami на десен бек. Доколку Pippo сепак одлучи дека Abate е спремен да стартува, Rami и Alex би биле во стоперското дуо. Во средината ситуацијата е поприлично јасна, односно Monti ќе се најде на местото каде што стандардно е NDJ, додека Poli и Muntari би се нашле десно и лево од капитенот. Напред, Menez и SES имаат загарантирано место. Ништо помалку сигурен, барем за овој меч е и Jack на RW.


Со оглед на тоа што трансфер-пазарот е веќе отворен, а италијанските екипи дефинитивно најактивни во првите денови, еве неколку мои размилувања околу потезите на G овој Јануари. Размената Cerci-Torres во глобала е оценета како паметен и позитивен потег. Би се сложил со тоа. Сепак, кај мене останува стравот - екипата да не остане без класичен шпиц на кого ќе може да се потпре кога лажната 9ка нема да биде опција. Од ова веројатно разбирате дека Pazzini, за мене, не ја пружа таа сигурност. Затоа ме израдува веста дека G е серизно заинтересиран за Destro. Иако не знам зошто Roma би го продала единствениот шпиц во екипата (Borriello веќе не го бројам во фудбалери). Веста што уште повеќе ме израдува е последната од вечерва, каде според неколку кредибилни извори, Suso ги договорил личните услови со Milan. Претпоставувам знаете, неговиот договор истекува летово, така што постојат две опции: Brendan Rogers да биде разумен и коректен и на сметка на апсолутното игнорирање есенва, да му дозволи на Suso да го напушти Liverpool уште во текот на овој трансфер период, или како втора опција, преминот да се случи во Јуни, откако Suso ќе стане слободен играч. Нас нема да ни биде сеедно, дефинитивно. Според информациите, се работи за перманентен договор со трајност од 4 години и плата од 1.2 милиони по сезона. На излезната трансфер страна, Newcastle е серизно заинтересиран за позајмица на Niang. Нашите сакаат висока откупна клаузула, а англичаните само позајмица без сума за откуп во Јуни. Уште една млад офанзивец не се вклопува во плановите на клубот - Saponara е се поблиску до Parma. Се надевам дека и Zaccardo ќе биде дел од тој трансфер. Од останатите имиња со кои сме (одново) поврзувани: Jackson Martinez, Immobile, Mario Suarez, Brozovic, Thiago Motta, Obi Mikel, Santon, итн.


Неколкуте позитивни моменти што во низа ни се случија ги подигнаа очекувањата за добра пролетна полусезона. Евентуалната победа утре ќе ни значи многу на сите нас со некаков интерес за клубот. Имаме таман противник и фин распоред потоа, што се предуслови за овој Јануари да го претвориме во перфектен. Лично, верувам во успешна полусезона, а особено во успешен старт на полусезоната. На победа момци!

FORZA MILAN!!!

5 comments:

Unknown said...

Среќни празници момци и се надевам со победа ќе влеземе во 2015!

Исто така во новава година собиранката што требаше да биде се надевам ќе ја напраиме! Има куп дерби утакмици.

Инаку кога сме веќе кај дерби-утакмициве има ли понуди од нашиве агенции за идење натака? Ако има пуштете некое линкче.

Kole.22 said...

И да имаме било каква намера и желба да напишеме било што овде, после таков ужасен натпревар, не вреди. А и се е кажано барем стопати. Ни Алегри ни Сидорф ни Пипо не прават разлика кога желбата за победа е голема НУЛА. Во меѓувреме ке се ценкаме со ДеЈонг, Мексес и Абате за нови договори кои секогаш давале 110% на терен и на крај тврдам дека двајца од нив ке ги пуштиме, нивна замена ке бидат free transfer играчи мотивирани од висока плата и тркалото и понатаму ке се врти. Најстрашно е тоа што и да имаме дијамант во тимот, никако не успеваме да го задржиме. Страшно... А да чекам да не купи некој арап индиец и слично - не благодарам. Кога ке се засукаат ракавите и ке почне асално да се работи во целата структура на клубот, е тогаш ке има резултати. Цела среќа е што сме блиску до третото место, барем имаме за што да играме.

Navigator said...

Се сложувам со се што си напишал Коле, само за една работа имам различно мислење: Дијамантите не ни бегаат од клубот. Барем тоа не се случува. Вистина е дека младите играчи со најголем потенцијал не се развиваат онака како што предвидуваа сите. Зборувам за El Shaarawy и De Sciglio. Тука не гo ставам Balotelli, затоа што никогаш не беше наш, или Niang кој не ги искористи неколкуте прилики што ги доби. Сите останати не се во оваа категорија.
Инаку, апсолутно се согласувам дека желбата и мотивацијата се клучните фактори последните 2-3 сезони. Не можеме да кажеме ни дека тренерските опции беа посебно надарени со квалитетен тренерски спој на квалитет, авторитет и мотивациски способности. На овој тим му треба баш тоа, затоа што во екипата има многу потенцијал и квалитет, но некако не успеваат да го преточат тоа во успех. Знам дека ова што го зборувам значи скапо тренерско име и управата тоа нема да го дозволи, но треба да имаат на ум дека некогаш тренерот е пола успех.

Navigator said...

И да знаете дека ќе пишам пост за утре.

Kole.22 said...

Во право си, Ел92 и ДеШиљо ни одблиску не се развиваат онака како што се очекуваше. Јас можеби погрешно се изразив, зборот дијамант не е прикладен, пред се мислев на Т.Силва без разлика што не потекнува од домашната школа, говорам за играчи кои веке имаат или почнуваат да градат свое фудбалско име (секако тука е и Златан од кого прелесно се откажавме). Поентата ми беше дека преголемиот пад на финансиската моќ на Милан на пазарот директно влијае на играчкиот состав, но не до толку да губиме од Сасуоло,Палермо,Џенова.

Многу ме интересира кариерата на Мастур и мислам дека во неговиот случај ке имаме најпрост пример како работи и ке се однесува управата кон него. Парадоксот е што сите сакаме да израсне во суперстар, а ако тоа и се случи, прашањето е како ке го задржиме. Велам, дали првата цел ке биде дебело уновчување или градење тим околу него, во голема мера ке ја насочи иднината на клубот.

Бало не го ни спомнав бидејќи нереално е да се очекува од него било што надпросечно.

А Сусо е доста интересен трансфер мегутоа и Черчи и Хонда играат на истата позиција. Ако играме европски натпревари тоа е веќе на место.

И толку ли е тешко да се купи класичен везњак? Некој што ке задржи топка повеке од 3 секунди и нема да испаничи? Некој што знае да падне? Некој? Било кој