Translate

Sunday 3 May 2015

Најава: Наполи - Милан


По двата пораза од Удинезе и Џенова, гостувањето во Неапол доаѓа во најлош можен период бидејќи во тимот владее толку лоша атмосфера што се плашам дека вечерва може да се случи дебакл!

Во составот поради суспензија нема да бидат Менез, Мексес и Абате, додека повредени остануваат Шарави, Алекс, Монтоливо, а не е повикан Мунтари поради веќе познати причини. Јасно е дека вечерва не очекува тешка утакмица за гледање. Не верувам дека ќе гледаме течни, изработени акции и шанси бидејќи тоа го немаме цела сезона. Единствено се надевам дека нема да се случи нешто срамно додека Наполи ќе бара убедлива победа поради изненадниот пораз од Емполи.

Но имаме и други вести да споделиме, а тоа е дека Мистер Би се договори со Дон Силвио да влезе во клубот и заедно да го вратат таму каде што припаѓа - на врвот на Италија и Европа. Мистер Би излезе со доста респектабилни изјави, се чини одбрани и прибрани зборови, така што ми остава впечаток на човек кој е дојден да си ја врши работата и да има успех во тоа, а не на газда кој само да појавува на интервјуа и да дава нереални ветувања.

Откако ќе се одлучи дали ќе купи 51% или 49% очекувам да влезат неколку нови луѓе во Милан кои би им се приклучиле на Галијани и Барбара и заедно би работеле на тоа експресно подигање на клубот од оваа мизерија. Едниот од тие луѓе очекувам и силно посакувам да е Паоло Малдини. Впрочем, медиумите го најавија него како еден од клучните луѓе на тајланѓанецот. Нема потреба да се објаснуваме кој е и што е јас само сакам тој човек да има некоја функција и на сите играчи што се дојдени за забава во клубот да им го пренесе значењето на дресот!

Во контекст на ова ќе напоменам дека вчера откако излегоа заедно во јавност Би и Силвио во ресторанот каде што бил Би да прослави бил и Малдини. Дали е случајност или не останува да видиме, но не е тајна дека Мистер Би има голем респект кон Паоло и сигурно тој е во неговите планови.


Од Фининвест е потврдено дека преговорите се во напредната фаза и ни останува да го дочекаме официјализирањето и да видиме со колку % ќе влезе Би во клубот. Напоменато беше дека тоа може да потрае неколку денови, со оглед на тоа што ова е голема операција, има многу детали за средување, а мора да се работи внимателно па треба само да бидеме трпеливи.

Веднаш по ова излегуваат тон шпепулации за играчи и тренери но јас мислам дека сеуште е рано за тоа. Прво треба да се средат некои други работи внатре во клубот и обавезно ќе треба се што е непотребно да се избрка надвор па макар и насилно бидејќи глумењето "фамилија" со моменталниве играчи само ни штети. Мислам дека не очекува бурно трансфер лето и се надевам дека следната сезона ќе сме далеку поконкурентни!

ФОРЦА МИЛААААААН!

No comments: