Translate

Sunday 17 May 2015

Најава: Sassuolo vs Milan - Тивко привршување на лошата сезона!

Не верував дека некогаш ќе дочекам последните неколку кола од шампионатот да ги проследам онака индиферентно, незаинтересирано. Не верував дека е можно, или подобро речено, не ни помислував дека Milan на 3 кола до крај нема да се бори за некое од местата на “пиедесталот”. Во ред, минатата година не обезбедивме излез во Европа, но до последното коло бевме во игра. Всушност, само гол разликата не делеше од ЛЕ, откако Parma административно беше исклучена од UEFA. Ова што се случува сезонава е повеќе од депримирачки. Математички, Milan сеуште има шанса за Европа, но таа искра најверојатно утре ќе згасне. Тука секако не мислам на пораз против Sassuolo, туку триумф на некој од екипите што се пред нас, а ги има многу. Факт е дека клубот уште одамна како да се откажа од таа борба и почна да се занимава, а со тоа да не занимава и нас, со продажбата на клубот.


Sassuolo е екипа што не ни лежи и тоа го докажува од натпревар во натпревар. Сезонава Milan еднаш загуби, во првенството и еднаш победи, во Купот. Двата меча завршија со резултат 2-1. А 2-1 заврши и последниот наш меч, против Roma, можеби најдобриот перформанс на момците во оваа календарска година. Тоа што треба да се направи утре, а во останатите 2 кола до крајот е да се повтори играта од мечот со Roma. И покрај тоа што неконзистентноста и немотивираноста се главните проблеми во текот на целата сезона. Премногу е доцна да зборуваме за старт на некаква серија, но единственото нешто што може да најави оптимистично лето е еден убав крај на лошата сезона. 

Уште една замерка за Pippo, една од поголемите затоа што иако е јасно дека нема да си го зачува местото, макар и победил се до крајот на сезоната и најважно, затоа што самиот вети, младите играчи не добиваат шанса. Против Roma можеби, ќе разберам, но против Sassuolo нема повикано ниеден! Mastalli не го сметам, неговиот статус е член на сениорската екипа. Pippo разочарува се повеќе и повеќе, во секој поглед. Искрено, ќе ми олесни кога ќе го видам надвор од Milanello. Единствената позитивна работа од повиканиот состав е враќањето на El Shaarawy. 


Мислам дека е јасно што сите очекуваме од момците во преостанатите 3 натпревари, без премногу да се оптоваруваме со исходот, за жал. Затоа, нема да должам повеќе. Само сакам да гледам убав фудбал, така што предвидувам победа од 1-3. Да не заборавиме, терминот е 12:30. Одиме на победа! Ајде момци!

FORZA MILAN!!!

No comments: